СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Костовски бара НБ да ја повлече одлуката за стечај на Еуростандард Банка

Трифун Костовски, како акционер на Еуростандард банка, преку јавен повик ги повикува сите политички партии, сите институции, сите владини, невладини и верски организации.

Костовски, како акционер на Еуростандард банка, преку јавен повик ги повикува сите политички партии, сите институции, сите владини, невладини и верски организации, да дадат поддршка Народна банка на Република Македонија, да ја повлече одлуката за стечај на Еуростандард банка и да ја врати во првобитна состојба.

-Легалистите би рекле дека ваквото повлекување на стечајна постапка не е можно согласно Законот за банки. Сакам да ве убедам дека не може законот да биде над интересите на граѓаните, наведува Костовски.

Додава дека потенцијални купувачи на банката се спремни да вложат сериозни средства и да го овозможат нејзиното работење во банкарскиот сектор и оценува дека ваквиот чин бара висока доблест и ќе спречи сериозни последици по граѓаните на Република Македонија.

-Доколку сакаме мир во земјава и спокој на граѓаните, мора да ги имате предвид последиците што ќе се појават во периодот кој следи, а кои таксативно ќе ги наведам. Клиентите на Еуростандард банка, кои се оштетени со оваа одлука ќе бидат целосно вознемирени со преземање активности да си го вратат своето. Поради софтверскиот систем за исплата на пензии, неколку илјади пензионери ќе се соочат со неможноста редовно да ги добиваат своите пензии, а тоа е најранливиот слој на граѓани во Македонија. Масовни отпуштања и зголемување на невработеноста, како на вработените во Еуростандард банка, така и на вработените во Македонски пошти, поради неможноста да остварат приход и да ги заработат чесно своите примања. Ќе се врати довербата во банкарскиот систем на граѓаните кој за жал, сведочиме дека има многу нарушен кредибилитет и создава општа несигурност и за ваквиот потег се бара доблест и акција за стабилизирање на севкупната ситуација за граѓаните во Република Македонија и посебно на банкарскиот сектор, наведува Костовски во јавниот повик.

Поврзани вести

Од Турција до Италија: Паѓаат цените за сместување, вака земјите ги анимираат гостите

Лицата кои ќе работат во недела ќе бидат платени и ќе имаат слободен ден

Влатко Зорба

Царовска: Минималната плата ги покачи и останатите плати во државата

Берта Китинска