СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Коронавирусот придонесе за развој на индустријата за игри

Корона кризата предизвика вистински бум во користењето на видео игрите и донесе рекордни приходи во индустријата за игри. Бизнисот со игри е поголем отколку пред корона кризата и постојано расте, пренесува „Танјуг“.

Речиси целата индустрија за игри доживува значителен раст од почетокот на кризата. Гејмерите ги играат своите омилени игри почесто и подолго од порано. Бумот во индустријата за игри е докажан со деловните резултати на компаниите кои развиваат игри.

Така, продажбата на компанијата Activision Blizzard, која ги лансираше игрите „Call of Duty“, „World of Warcraft“, „Candy Crush“, се зголеми за 38% во изминатиот квартал, на 1,93 милијарди евра.

Во исто време, бројот на активни корисници на нивните игри се зголеми во рок од три месеци од 102 на 125 милиони евра, соопшти компанијата.

Компанијата Take-Two Interactive, која стои зад Grand Theft Auto и NBA 2K20, порасна за 54% во минатиот квартал на 831,3 милиони долари.

Поврзани вести

Европската побарувачка за автомобили нагло падна во февруари

Влатко Зорба

Ричард Бренсон викендов лансира нова ракета

msp-admin

Угостителите бараат продолжување на владината поддршка

msp-admin