СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Коронакризата може да избрише 46 милиони работни места во авиоиндустријата

Колапсот во авиоиндустријата предизвикан од пандемијата со коронавирусот може да избрише 46 милиони работни места ширум светот што претставува повеќе од половина од вкупните работни места во тој сектор.

Овој податок е резултат на новото истражување за тоа колку долгорочните падови на авионскиот сообраќај и туризмот се штетни за глобалната економија.

Акционата група за воздушен транспорт (Air Transport Action Group – ATAG) објави дека повеќе од половина од постојните работни места во авијацијата може да бидат изгубени како резултат на пандемијата. Многумина во авионската индустрија не очекуваат овој вид патувања да се врати на стариот пат до 2024 година.

Намалување на бројот на работни места во авиокомпании и аеродроми одамна започна и бројни компании како Lufthansa, Ryanair и други беа приморани на кратење на трошоците и укинување на рути, но и отпуштање на работници, пренесува Seebiz.

Поврзани вести

Германија ја зголеми проценката за економски раст за оваа година

Влатко Зорба

Ниту PS5, ниту Xbox Series X: Switch е најпродаваната конзола во минатиот месец

msp-admin

Трговскиот дефицит во САД порасна на 64,2 милијарди долари

msp-admin