Македонија во 2019 година увезе злато во вредност од 95.000 долари или 533,3% повеќе во однос 2018 година.
На глобално ниво, увозот на злато во 2019 година изнесуваше 306,2 милијарди долари, што е 0,1% повеќе одошто една година, покажуваат податоците на World’s top exports.
Од земјите во светот, најголем увозник на злато беше Велика Британија со удел од 23,1% или 70,8 милијарди долари. Меѓу петте најголеми увозници на овој благороден метал беа и: Швајцарија (60,7 милијарди долари), Кина (43,9 милијарди долари), Индија (32,2 милијарди долари) и Хонгконг (14 милијарди долари).
Од земјите во регионот, Словенија е најголем увозник на злато во 2019 година со 32,5 милиони долари. Потоа следат: Хрватска (20,7 милиони долари), Бугарија (12,8 милиони долари), Грција (9,3 милиони долари) и Србија (8,4 милиони долари).