СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

МБУ и Халк Осигурување потпишаа Протокол за соработка кој на студентите им обезбедува стажирање, обука и можност за кариера

Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) и Халк Осигурување АД Скопје потпишаа Протокол за соработка кој има за цел да им обезбеди на студентите на МБУ стажирање, професионална обука и можност за кариера во Халк Осигурување.

„МБУ ја поздравува оваа соработка како уште еден чекор во проширувањето на соработката со бизниси кои работат во различни сектори и обезбедуваат одлични можности за кариера на нашите студенти. Нашиот Универзитет е создаден врз идејата за зближување и поврзување на двата клучни сектори во секое просперитетно ориентирано општество, образованието и стопанството. Токму затоа, покрај соработката со други универзитети низ светот, МБУ има склучено партнерство со повеќе компании во земјава со што нашите студенти добиваат можност за пракса и шанса за вработување по завршувањето на студиите. Договорот со Халк Осигурување е уште еден чекор во насока на стекнување професионална обука и отворање можности за вработување на студентите“, вели Висар Рамадани, генерален секретар на Универзитетот.

МБУ располага со седум факултети, односно 18 програми за додипломски и 10 програми за постдипломски студии во различни области, како што се инженерство, архитектура, економија, административни науки, ликовна уметност, образовни науки, комуникација, хуманистички и општествени науки.

Создавање на висококвалитетен кадар којшто веднаш е конкурентен на пазарот на трудот, воспоставено партнерство со бизнис секторот, околу 150 договори за соработка, со можност за стажирање и работа на студентите се само дел од придобивките од студирањето на Меѓународниот балкански универзитет. Со најдобра програма за настава и учење во државата, според Шангајската листа, со иновативни методи на предавање, целосно на англиски јазик и со реномирани експерти во своите области како професори, МБУ создава висококвалификуван кадар кој е конкурентен на меѓународните пазари на трудот.

Последните анализи на универзитетот покажуваат дека над 90% од студентите кои ги завршиле своите студии на МБУ се вработени во првите шест месеци по дипломирањето и веќе градат успешна кариера.

Поврзани вести

Заев на Виенскиот економски форум: Инвестицискиот план за Западен Балкан ќе создаде одржлив раст и нови работни места

Економската криза создадена од пандемијата на Ковид 19 би можела на глобално ниво да остави 25 милиони луѓе без работа

100 евра помош за граѓаните со ниски примања, парите нема да може да се вадат на банкомат

Берта Китинска