СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

МБУ одбележува 15 години успешна работа на македонскиот образовен простор

Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) одбележува 15 години успешна работа на македонскиот образовен простор, период во кој Универзитетот, основан во 2006 година од Фондацијата за образование и култура, УСКУП, како прв приватен и непрофитен универзитет во земјава, прерасна во ценета високообразовна институција која во целост ја исполнува основната цел – да едуцира самоуверени младинци кои ќе преземат одговорност кон општествата во регионот.

„Може да кажеме дека сме пионери во интернационализацијата на системот на високо образование во земјата. Да се биде единствениот универзитет во Северна Македонија со англиски јазик како официјален јазик на настава и комуникација, со портфолио на студенти и вработени од повеќе од 20 земји во светот, интензивирана соработка со истакнати универзитети, отворање врати за мобилност и меѓународно образовно искуство за нашите студенти и персонал со повеќе од 200 универзитети од околу 40 земји во светот, нè направија лидери и горди носители на епитетот „меѓународен“ во неговото вистинско значење“, велат од МБУ.

МБУ е најдобро рангиран во категоријата „настава и учење“ на престижната Шангајска листа и го нуди потребното квалитетно образование за секој студент кој сака да се истакне и да биде најдобар. Универзитетот во својот состав има повеќе од 30 студиски програми на прв, втор и трет циклус студии, со оптимално комбинирана практична и теоретска, современа наставна програма која е целосно на англиски јазик. Наставата се одвива во современ универзитетски кампус, со модерна опрема и сите потребни наставни помагала за ефикасно и ефективно да се пренесе знаењето од страна на стручниот кадар составен од реномирани и високо ценети професори, почитувани во својата област.

Универзитетот е домаќин на бројни меѓународни симпозиуми, конгреси, конференции, семинари и програми за сертификација кои имаат за цел да придонесат за развој на науката и истражувањата. Активностите на МБУ за објавување со повеќе од 14 рецензирани научни списанија прераснаа во платформа за академици, научници, истражувачи кои ги презентираат своите истражувања на меѓународната арена. Истовремено, CELTA центарот при МБУ стана овластен центар од Cambridge Assessment English, дел од Универзитетот во Кембриџ, за сертифицирање предавачи по англиски јазик (ELT) за студенти кои зборуваат други јазици.

Меѓународниот балкански универзитет секоја година обезбедува голем број стипендии за најдобрите средношколци кои сакаат да го продолжат своето образование на овој реномиран универзитет, покриваат од 50% до 100% од школарината за секој семестар, во зависност од успехот во средното образование. Досега оваа шанса ја искористија над 1500 средношколци од кои голем дел веќе ги градат своите успешни кариери.
Студентите на МБУ имаат можност да ја користат програмата Еразмус+ и да добијат целосна мобилност во еден од 200 универзитети во повеќе од 40 земји во светот со кои МБУ соработува. Веднаш по завршување на студиите, МБУ на своите студенти гарантира започнување кариера во една од многуте бизнис заедници со кои има одлична соработка и однос. Дури 90% од студентите кои ги завршиле своите студии на МБУ се вработени и веќе градат успешна кариера.

Поврзани вести

РКЕ: Цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат

Влатко Зорба

Пазарниот инспекторат најави кривични пријави за оние кои викендов ќе издаваат соби

Купувањето од нелегални „Фејсбук“ и „Инстаграм“ продавници е неможност за заштита на правата на потрошувачите