СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Меморандум за соработка со Bechtel&Enka за изградба на автопатските делници Тетово – Гостивар – Букојчани, Требеништа – Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола

Владата денеска го одобри текстот на Меморандумот за разбирање помеѓу компаниите Бехтел&Енка (Bechtel&Enka) и Владата на Република Северна Македонија за соработка за проектна подготовка и изградба на автопатските делници Тетово – Гостивар – Букојчани, и Требеништа – Струга – Ќафасан, од Коридорот 8, како и изградба на автопатската делница Прилеп – Битола од Коридорот 10д.

Владата денеска донесе Одлука за давање на согласност за давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија на Друштво за изградба и управување со енергетски централи СПХ – МБ ДООЕЛ Скопје, која како странска инвестиција на територијата на Општина Македонски Брод ќе гради енергетски централи за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија – фотоволтаици, со инсталирана моќност од 10 MW.

Поврзани вести

Трипуновски: Власта има неисплатени субвенции во износ од 100 милиони евра

Ангеловска-Бежоска: ЕЦБ ѝ овозможи на Народната банка користење ликвидносни средства до 400 милиони евра

Никола Поповски

Угостителите бараат бескаматни кредити за да ги обештетат работниците

Берта Китинска