СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ММФ: Од суштинска важност е да се зачува независноста на Народната банка

Шефицата на мисијата на ММФ ,Берглјот Баркбу, во изјава дадена по годишните редовни состаноци што се одржаа видеоконференциски во периодот од 9 до 18 ноември вели дека со оглед на клучното значење на капацитетот на Народната банка на С. Македонија да презема навремени супервизорски активности за да ја обезбеди стабилноста на финансискиот систем, од суштинска важност е да се зачува нејзината независност.

Таа вели ќе ѝ овозможи на централната банка и понатаму да ги остварува своите задачи за одржување на ценовната стабилност и за заштита на финансиската стабилност, коишто се круцијални предуслови за одржлив раст.

– Релаксираната монетарна политика е соодветна и НБРСМ е подготвена да дејствува соодветно за да го заштити де-факто фиксниот курс на денарот, оценува Баркбу.

Во изјавата, меѓу другото, таа нагласува и дека според оцените на мисијата на ММФ, вкупниот банкарски систем и понатаму е добро капитализиран и профитабилен.

Поврзани вести

Ангелоска-Бежоска: Размената на искуства со европските колеги и стекнувањето нови знаења е постојана заложба на Народната банка

Влатко Зорба

Бектеши: Дизајниран е петтиот пакет мерки, остануваат ситни работи да се додефинираат

Влатко Зорба

Изгласан новиот ДУП Градска четврт Ц 04 – Дом на градежници

Влатко Зорба