СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Најбогатите луѓе во светот за една недела загубија 444 милијарди долари заради коронавирусот

Поради сериозниот пад на вредноста на акциите на светските берзи заради коронавирусот вкупната сума со која 500-те најбогати луѓе на планетата неделава беа „олеснети“ изнесува 444 милијарди долари, јави агенцијата Блумберг.

Според анализата на агенцијата, тројцата најбогати луѓе во светот: извршниот директор на Амазон, Џеф Безос, коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, и генералниот менаџер на француската групација ЛВМХ (Луис Витон, Моет, Хенеси ), Бернар Арно, претрпеле најголеми загуби. Според проценките на агенцијата, нивната состојба на сметките е намалена за околу 30 милијарди долари.

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, 25-ти во ранкингот на најбогати луѓе на планетата, неделава загубил  девет милијарди долари, по падот на вредноста на неговите акции.

Според „Вол Стрит Џорнал“ последната недела се претвори во најнесреќната за американскиот берзански пазар по финансиската криза од 2008 година. Падот на индексот Дау Џонс за оваа недела изнесуваше 12.4 отсто, на S&P 500 е 11.5 отсто, на Насдак е 10.5 отсто.

Истовремено котирањата на акциите на повеќе од 95 отсто од компаниите, претставени на листата на индексот S&P 500, паднаа за повеќе од 10 отсто во однос на претходно постигнатите максимуми.

Поврзани вести

Халкбанк со инвестиција над 25.000 евра за поддршка на угостителскиот сектор

Берта Китинска

Ампева: Работничка од Куманово ја доби првата кривична пресуда за кршење права во корона-криза

Берта Китинска

Царовска во посета на Занаетчиската комора: Промоција на занаетите и стручното образование за креирање кадар за современите потреби на економијата