СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Раст на депозитите и на кредитирањето во септември

Во септември годинава е регистриран раст на вкупните депозити во банките, како и на кредитирањето на граѓаните и на компаниите, соопшти Народната банка.

Вкупните депозити во септември бележат месечен раст од 0,7 отсто. Растот е одраз на зголемувањето на депозитите кај секторот „домаќинства” со умерен раст и на депозитите на корпоративнито сектор, велат од НБ.

На годишна основа, вкупните депозити забележаа зголемување од 6,1 отсто при раст на депозитите кај двата сектора, кој е поизразен кај секторот „домаќинства”.

Месечен и годишен раст од 0,8 односно 7,3 проценти се бележи и кај кредитите. Растот произлегува од зголеменото кредитирање кај двата сектора, а поизразено е кај „домаќинствата”.

Поврзани вести

Секој работник да носи заштита, по секое послужување да се менуваат чаршафите: Угостителите ќе мора да го почитуваат препораките од АХВ

Со фотоволтаични системи на јавните објекти до големи заштеди во сметките за струја

Влатко Зорба

Објавена Mапа на вработеност на Западен Балкан

Влатко Зорба