СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НБРМ: Продолжува растот на депозитите и кредитирањето

Во јули 2020 година, паричната маса се зголеми за 0,7 отсто на месечна основа под влијание на растот на депозитните пари, краткорочните депозити и готовите пари во оптек, при остварен пад на долгорочните депозити до две години. На годишна основа, паричната маса е зголемена за 9,3 отсто, во поголем дел како резултат на повисоките депозитни пари.

Како што наведува Народната банка во Извештајот за монетарните движења во јули 2020, вкупните депозити се повисоки за 0,3 отсто во споредба со претходниот месец поради растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при остварен пад на депозитите на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните депозити бележат пораст од 7,9 отсто, кој се должи назголемувањето на депозитите кај двата сектора, поизразено кај депозитите на секторот „домаќинства“.

– Вкупните депозити продолжија да растат на месечна основа, што се должи на растот на депозитите на домаќинствата. Годишната стапка на раст изнесува 7,9 отсто, како резултат на растот на депозитите на двата сектори, поизразен кај секторот „домаќинства“. Вкупните кредити продолжија да растат на месечна основа, главно заради зголеменото кредитирање на домаќинствата. Годишниот раст на вкупните кредити изнесува 8,2 процента и се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“. На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор и на секторот „домаќинства“ се зголемени за девет отсто и 8,4, соодветно, кредитирањето на корпоративниот сектор бележи раст од 7,1 процент, додека вкупните кредити на домаќинствата забележаа годишен раст од 9,4 отсто, наведува Народната банка.

Според Извештајот,  вкупните депозити на корпоративниот сектор се намалија за 0,7 отсто на месечно ниво. Надолната промена во целостсе должи на падот кај краткорочните и долгорочните депозити во денари, во услови на раст кај краткорочните и долгорочните депозити во странска валута идепозитните пари. На годишно ниво, депозитите се зголемени за девет проценти, како резултат на растот на депозитните пари и депозитите во странска валута (краткорочни и долгорочни), при забележан пад кај депозитите во денари (краткорочни и долгорочни).

Вкупните депозити на домаќинствата бележат месечен раст од 0,4 отсто, кој се должи на повисоките краткорочни депозити во странска валута и депозитни пари, во услови на пад кај останатите компоненти. Годишниот раст изнесува 8,4 проценти. Кај вкупните кредити на домаќинствата, овој месец е остварен месечен и годишен раст од 1,3 отсто и 9,4, соодветно. Анализирано според валутната структура, кредитите одобрени во денари имаат поголем придонес кон растот на месечна и на годишна основа. Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај домаќинствата во јули изнесува 9,7 отсто.

-Според намената на кредитите одобрени на физичките лица во јули, кај најзастапените категории -потрошувачките и станбените кредити е забележан месечен раст од 1,3 и 1,7 отсто, кој на годишно ниво изнесува 10 и 14 проценти. Кај автомобилските кредити продолжи падот на месечна и годишна основа, од 1,2 и 10,9 отсто. Кредитите одобрени на кредитни картички се зголемени за 0,4 отсто на месечно ниво, а бележат пад од 3,8 отсто на годишно ниво. Негативните салда на тековните сметки и кредитите одобрени врз други основи бележат месечен пад за 3 и 0,3 проценти, додека на годишна основа се пониски за 11,7 и 5,9 проценти.

Поврзани вести

Стопанска Комора на Србија: Новата пруга од Белград до С.Македонија ќе донесе нови инвестиции и поголема конкуренција во целиот регион

Влатко Зорба

Германија им понуди нс САД договор вреден милијарда евра за да ги укинат санкциите за „Северен тек 2“

Stefanija Kuzmanovska

Зошто е важно да им се помогне на сите македонски компании кои континуирано инвестираат на пазарот?

Влатко Зорба