СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Николовски: Неопходни се нови вработувања во сите инспекции

Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, во интервјуто на телевизија Стар со пример од праксата илустрираше зошто се неопходни нови вработувања во сите инспекции.
„Ние имаме еден инспектор за спорт, а имаме стотици спортски клуови и како тој инспектор може да стави се во ред или да направи целосни и опсежни анализи на работата на клубовите? Или зборуваме да го направиме Јавното обвинителство целосно компјутеризирано, а таму имаат еден ИТ инженер. УЈП има двајца инспектори кои се занимаваат со потекло на имотот на државните функционери. Сакам да кажам дека сме ги детектирале ваквите ситуации и мораме навистина да преземеме сериозни мерки и да ги екипираме ваквите служби. Ке направам се овие витални институции да добијат значење и да му помогнеме на општеството кое мораме да го трансформираме.“- посочи Николовски.
Со овие примери тој го оправда барањето на сите инспекциски служби за вработување на нов кадар и вети дека од следната година ќе се овозможат нови работни места за млади и квалитетни кадри.

„Ги решивме големите прашања за државата, станавме членка на НАТО, имаме препорака од ЕУ за почеток на преовори, државата не е повеќе изолирана во меѓународната политика. Но сега на дневен ред се домашните прашања и веќе работиме на нив. Од Инспекцискиот совет е подготвена анализа за сите 28 инспекциски служби за состојбата со кадровска екипираност, со соодветни предлози кои инспекторати е неопходно да добијат средства за нови вработувања со цел да се обезбеди непречено функционорање. Истата ќе се разгледува и од владата и секако онаму каде што има потреба ќе има засилување со кадри. Овие луѓе се постојано на терен, работат со полн капацитет, и нивната работа е исклучително значајна во целиот систем за спречување на ширње на коронавирусот. Секаде каде што има недостаток од инспектори да излеземе во пресрет, речиси сите имаат проблем со кадровски капацитет. Како што се регулаторните тела за борба против корупцијата, така и инспекциските служби, мораме да работиме на мотивација, на вработување на млади, да имаме образовен систем за произведување на неопходните кадри за администрацијата.“- објасни Николовски.

Поврзани вести

На берза од денеска ќе се тргува до 13 часот

Stefanija Kuzmanovska

Гошев: Акционерите и менаџерите имаат вина за пропаѓањето на Еуростандард банка

Александар Петровски

Ангеловска: Преку јасна стратегија и партнерство ги решаваме невработеноста и сивата економија

msp-admin