СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НС ГРИТГ и МАКАМТРАНС бараат намалување на цената на струјата за 50 отсто

Претставници од Независниот синдикат на камионските транспортери на Македонија-НСКТМ МАКАМТРАНС и Независниот синдикат на градежни работници инжинери и трговци во градежништвото-НС ГРИТГ денеска на прес-конференција побараа намалување на цената на електричната енегија за 50 отсто и на другите комунални давачки.

-Го повторуваме барањето за намалување на цената на електричната енергија од август 2020 година поткрепено со петиција од повеќе од 2.000 потписи. Тогашното барање за намалување на цената на струјата изнесуваше 35 отсто заради незаконитото вградување во цената на уставната категорија моќност. Ја надополнивме со 15 отсто додатно намалување во функција на полесно и побрзо закрепнување на граѓаните од тековната пандемија, изјави Страшо Јованов од Независниот синдикат на камионските транспортери на Македонија-НСКТМ МАКАМТРАНС.

Јованов пред Владата информира дека покрај намалување на цената на струја, бараат намалување за 50 отсто на цените на сите комунални давачки и услуги на интернет и телефонски провајдери и оператори. Предлагаат да се намалат цените на водата, ѓубретарина, улично осветлување, парното греење…

Тој соопшти дека ако тоа Владата не го спроведе во наредните денови, тогаш ќе ги повикаат граѓаните на, како што рече, револуционерна граѓанска непослушност.

Поврзани вести

Податоците за јавниот долг отворени за јавноста

Stefanija Kuzmanovska

Банкротираше најголемиот американски производител на млеко

Поради оптоварувње на системот УЈП го продолжи рокот за поднесување на барања за новиот сет мерки