СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Загреб добива револуционерна услуга: Римац стартува проект вреден 454,2 милиони евра

Основачот на компанијата „Rimac automobili“ го прави првиот чекор кон реализација на проект тежок 3,4 милијарди куни (околу 454,2 милиони евра).

Станува збор за развој и воспоставување мрежа на електрични автономни такси во Загреб, пишува „Јутарњи лист“.

Во 2024 година, Загреб ќе стане првиот град во светот каде што ќе биде достапна робот-такси услуга – користење на автономни, електрични такси преку апликацијата.

Звучи лудо? Ако му се верува на претприемачот Мате Римац, тоа наскоро ќе стане реалност.

Како што ексклузивно дознава Јутарњи, основачот на компанијата започнува да гради парк, плоштад, простории и полначи за електрични, самостојно управувани такси, робо-такси, како што се нарекуваат, на Сава – на ливадата спроти Студентски дом во Загреб „Стјепан Радиќ“.

Конкурсот е објавен и решенијата на архитектите пристигнуваат, а целиот објект треба да биде завршен до крајот на 2022 година. Услугата за робо-таки во Загреб треба да биде пуштена во употреба до 2024 година.

Комплексот, официјално наречен Центар за мобилност – кој вклучува градски плоштад, парк и објект со електронски полначи – е само првиот чекор кон реализација на проектот вреден 3,4 милијарди куни на Римац, објавен во март оваа година, за развој и воспоставување мрежа на електрични, автономни такси во Загреб.

Како што одговорија од Римац, идејата е Центарот за мобилност на Сава да служи за две цели.

„Идејата е да се создаде таков центар на автономна мобилност на Сава што би имал, од една страна, социјална улога, место каде што луѓето ќе дојдат да запознаат нови технологии и да разговараат со експерти во пријатно опкружување и друга, функционална, за полнење, одржување и чистење на робо-такси возила на еколошки одржлив начин“, рекоа од „Римац“, пренесува Јутарњи лист.

Поврзани вести

„Танјуг“ избришан од бизнис регистарот на Србија

Влатко Зорба

Саемот во Хановер ги ангажираше Deutsche Telekom и Siemens за изградба на мега 5G кампус

Влатко Зорба

Горивата од полноќ добиваат повисоки цени од еден до 1,50 денари

msp-admin