СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НУК до Владата упати барања за промена и унапредување на постојни протколи за работа на угостителски објекти

Утринава на официјалните мејлови на Комисија за заразни болести и Министерството за здравство доставени се предлозите и барањата на НУК за промена, усогласување и унапредување на новите протоколи кои очекуваме да ги ртазгледаат новите експерти кои ќе работат на нивната изработка и Комисијата за заразни болести, соопштија од Независната угостителска комисија.

„Со оглед на праксата која Комисија за заразни болести во континуитет ја спроведува самостојно да одлучува без можност угостителите да учествуваат на седниците кога се носат круцијални одлуки за нивната работа и егзистенција НУК повторно за најавениот денешен состанок на Комисијата за заразни болести како потсетување ги достави предлозите и барањата за кои очекува во најмала рака комисијата да биде доблесна и да ги прочита, а најавените експерти од Министерот за економија да ги земат во предвид при креирањето на новите протоколи“, посочуваат оттаму.

Со последните барања и предлози угостителите очекуваат промени за:

* УКИНУВАЊЕ НА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА РАБОТНО ВРЕМЕ

* УКИНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА СО КОЈА СЕ ЗАБРАНУВА РАБОТА ВО ВНАТРЕШНИ ДЕЛОВИ НА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ИЛИ ВО НАЈМАЛА РАКА ДА СЕ ДОЗВОЛИ РАБОТА НА ВНАТРЕШНИТЕ ДЕЛОВИ ОД УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ КОИ СЕ ЗДОБИЛЕ СО ЗЛАТЕН СЕРТИФИКАТ ОД НАЦИОНАЛНАТА КАМПАЊА НА НУК ЧИСТО И БЕЗБЕДНО И КОИ ВО СВОИТЕ ОБЈЕКТИ РАСПОЛАГААТ СО СЕРТИФИЦИРАНИ ПРЕЧИСТУВАЧИ НА ВОЗДУХ КОИ ВО ЦЕЛОСТ ГО ЕЛИМИНИРААТ ЖИВИОТ SARS-COV-2 ВИРУС (Т.Н. КОВИД-19 ВИРУС) ОД ВОЗДУХОТ

* УКИНУВАЊЕ НА ТОЧКА 13 СО КОЈА СЕ ЗАБРАНУВА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА МУЗИЧКИ НАСТАНИ СО НАСТАП НА МУЗИЧКИ УМЕТНИЦИ ВО ОТВОРЕН И ЗАТВОРЕН ДЕЛ ОД ОБЈЕКТОТ (ПЕЈАЧИ/МУЗИЧКИ ГРУПИ/ДИЏЕИ) И ДА СЕ ОДОБРИ ОРГАНИЗИРАЊЕ НА МУЗИЧКИ НАСТАНИ СО НАСТАП НА ЕСТРАДНИ МУЗИЧКИ УМЕТНИЦИ СОГЛАСНО ПОСЛЕДНИТЕ ВАЖЕЧКИ ПРОТОКОЛИ

* УКИНУВАЊЕ НА ТОЧКА 14 СО КОЈА СЕ ОГРАНИЧУВА МАКСИМАЛНОТО НИВО НА БУЧАВА ВО УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ЗА ИСХРАНА НА 55 ДЕЦИБЕЛИ БИДЕЈЌИ ИСТАТА И ВО СЕГАШНИ УСЛОВИ Е НЕПРИМЕНЛИВА, НЕФУНКЦИОНАЛНА И НЕПОТРЕБНО СОЗДАВА КОНФЛИКТИ ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО

* БАРАЊЕ ДА СЕ ДОЗВОЛИ ОДРЖУВАЊЕ НА НАСТАНИ, ПРОСЛАВИ, ВЕСЕЛБИ ВО СИТЕ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ СОГЛАСНО ДОСТАВЕНИ ПРЕДЛОГ ПРОТОКОЛИ ОДНОСНО СОГЛАСНО ПРОТОКОЛИ ШТО НОВИТЕ ЕКСПЕРТИ ПО НАЈАВАТА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОНОМИЈА ЌЕ ГИ ПОДГОТВАТ

* ДА СЕ ПРОМЕНИ И УСОГЛАСИ ТОЧКА 6 – РЕСТОРАНИ ОДНОСНО ТОЧКА 14 – КАФЕТЕРИИ НАМЕСТО ЗАБРАНАТА НЕ МОЖЕ ДА СЕДАТ ПОВЕЌЕ ОД 4 ЛИЦА НА МАСА ДА СЕ ДОЗВОЛИ ДА СЕДАТ 6 И ПОВЕЌЕ ЛИЦА НА СООДВЕТНА МАСА ИЛИ СПОЕНИ МАСИ.

* ВО СЛУЧАЈ КОГА СЕ РАБОТИ ЗА ЕДНА ЦЕЛА ФАМИЛИЈА (ТРАДИЦИОНАЛНИ ФАМИЛИИ ОД ПОВЕЌЕ ГЕНЕРАЦИИ) СО ПОВЕЌЕ ОД 4 ЛИЦА ДА СЕ ДОЗВОЛИ ДА МОЖАТ КАКО ФАМИЛИЈА ДА СЕДАТ СИТЕ НА ЕДНА МАСА А НЕ ДА ГИ НАВРЕДУВАМЕ ФАМИЛИЈАРНИТЕ ВРЕДНОСТИ И ДА ЈА НАВРЕДУВАМЕ ДЕЛИМЕ ФАМИЛИЈАТА КОЈА ЖИВЕЕ ПОД ЕДЕН ИСТИ КРОВ НА ДВЕ ИЛИ ПОВЕЌЕ МАСИ САМО ЗАТОА ШТО ИСТАТА Е ПОГОЛЕМА ОД 4 ЛИЦА!

* ДА СЕ ДОЗВОЛИ РАБОТА НА НОЌНИ КЛУБОВИ, КАБАРЕА И ЗАТВОРЕНИ И ЛЕТНИ ДИСКОТЕКИ СОГЛАСНО ДОСТАВЕНИ ПРЕДЛОГ ПРОТОКОЛИ

Поврзани вести

Ивановски: Во пост-ковид фазата клучни ќе бидат зелените инвестиции

Ребалансот во собраниска процедура, очекувањата се навремено носење за поддршката да стигне до стопанството и граѓаните

Влатко Зорба

Листата на најбогати Руси има нов лидер

Stefanija Kuzmanovska