СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НУК ја организира втората хибридна конференција КОВИД-19 – Неформален партнер

„На 13-ти Март завршува една година од кога се воведуваат првите рестриктивните мерки за работа на угостителската индустрија со што угостителите добиваат неформален партнер во своите бизниси. Со одлука на Влада од 14-ти Март 2021 до 28-ми Мај е целосно затворена угостителската индустрија на која потоа и се дозволува работа во угостителските објекти пропратени со динамични препораки и протоколи за работа во услови на пандемијата Ковид-19“, соопштуваат од Независната Угостителска Комора.

„Во периодот од една година многу работи се направија, но и многу работи се заборавија. Покрај угостителската индустрија, многу зависни и засегнати индустрии трпат енормни штети и загуби со влегувањето на новиот неформален партнер кај угостителите. Секојдневно задкулисно на големо се дебатира и дискутира за работите што можевме да ги направиме, а малку што навистина направивме.

По тој повод една година подоцна на 17-ти Март 2021 година во Скопје Независната угостителска комора – НУК ја организира втората хибридна конференција COVID-19 – НЕФОРМАЛЕН ПАРТНЕР под називот: „Година подоцна: ШТО МОЖЕВМЕ ШТО НАПРАВИВМЕ“.

Новите глобални информации укажуваат на се побрзо доаѓање на нов бран на мутирана верзија на вирус од пандемијата предивикана со Covid-19 вирусот. Опстанокот и оправданоста на постоењето на одредени сектори од угостителската индустрија се ставени со голем знак прашалник. Угостителите се во се поголем грч ветувањата и очекувањата на најавената прва помош за 2021 година од Владата со т.н. нов 5ти сет мерки од една страна, кака и воведување на нови најавени рестриктивни мерки и протоколи за работа за угостителската индустрија од друга страна. Минато годишните најави дека угостителската индустрија ќе биде најзагрозената индустрија како никогаш досега, нé само што се докажаа туку оние што успеваат да ги одржат своите бизниси ги присилува да се прилагодат кон нови правила и предизвици кои незнаат како ќе се рефлектираат на подолг рок.

Едно е сигурно, ефектите и последиците од пандемијата Ковид – 19, ќе бидат со нас во годините кои следат.

Предизвик и задача на оваа дебатна конференцијата е изнаоѓање и предлагање решенија за најдобрите начини за справување со последиците од светската пандемија – во тек и по неа, пронаоѓање нови креативни начини на функционирање, како и учество во дискусиите и ефектитте од новите предлог владини мерки, модели, субвенции и државни гаранции и кредити за поддршка на сите засегнати сектори во угостителската индустрија.

На дебатната конференцијата заедно со владините претставници и претставниците на локалните самоуправи повторно ќе дебатираме за активностите што ги имаме направено и спроведено, како активности кои се планирани да се направат за да ги ублажиме загубите и другите последиците од добивањето на новиот партнер – Ковид 19 и допринесеме во побрза и поквлитетна ревитлизација и рехаблитација на угостителската индустрија.

Стручни медицински лица, балкански асоцијации, комори и здруженија на угостители, здруженија за туризам и рурален развој, производители, дистрибутери, увозници, естрадни уметници, музичари и музичките работници, синдикатите за туризам и угостителство, како и сите останати засегнати страни ќе имаат можност да се приклучат кон дискусиите и дебатите со нивни предлози и размислувања за решавање, надминување и ублажување на загубите кои ќе се генерираат во наредниот период.

Сигурни сме дека унифицираноста и усогласеноста на примената на заеднички решенија, препораки и мерки во регионот кои ќе бидат предложени и прифатени од учесниците на оваа конференција ќе биде клучно решение за опстанокот на угостителството и туризамот во годинашната епизода на „новото секојдневие” со Ковид-19.

Поддршка на конференцијата веќе дадоа дел до ХОРЕКА производителите и добавувачите, а посебна подршка за дебатите на истата очекуваме и од сите останати пред се општествено одговорни фирми, ХОРЕКА произведители и добавувачи на храна, пијалоци и опрема пред се поради нивната зависност на бизнисот од угостителската индустрија и како дел од засегнатите индустрии кои со својот допринос и подршка со предлози кон изнаоѓање на механизми за побрзо справување и надминување загубите ќе допринесат брзо и безболно враќање на угостителската индустрија во своето вистинско светло, жар и сјај“, додаваат од НУК.

Поврзани вести

Узунов: Доколку нема петти бран на есен, идната година економијата ќе биде на исто ниво како пред пандемијата

Влатко Зорба

Царовска: Минималната плата ги покачи и останатите плати во државата

Берта Китинска

Заради загуби „Етихад“ продава 38 авиони за милијарда долари