СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НУК: Состанокот со Битиќи презакажан за 30-ти јануари

„Утрово по објавените реакции на Независната угостителска комора од Кабинетот на Вицепремиерот Битиќи е презакажан нов термин за работна средба во сабота 30-ти Јануари 2021 година во 14:00 часот“, соопштуваат од Независната Угостителска Комора (НУК).

„Од Кабинетот на заменик претседателот на Влада за економски прашања утрово телефонски е презакажана договорената работна средба со Вицепремиерот Битиќи и претставници на Независната угостителска комора за сабота 30-ти Јануари во 14:00 часот.

Се надеваме дека средбата ќе вроди резултати и во рамките на можностите на Владата со новиот петти сет економски мерки покрај угостителските работници и сите угостители и зависни и засегнати индустрии од угостителската индустрија ќе ја добијат неопходната финансиска помош и поддршка“, се додава во соопштението.

Поврзани вести

Бислимоски не очекува зголемување на цената на струјата на регулираниот пазар

Влатко Зорба

Минималната плата за март ќе се зголеми за околу 400 денари

Влатко Зорба

ССМ: Работодавачите од угостителскиот сектор да не ги манипулираат работниците

Влатко Зорба