СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НУК: Стопанската комора на Србија обезбеди бесплатно вакцинирање на сите заинтересирани угостителски работници од Македонија

„Со оглед дека угостителите и угостителските работници извисија на сите можни начини изминатиот период од страна на Владата со своите барања за потреба од посебни сет економски мерки за неповратна финансиска помош и поддршка со кои ќе се помогне да опстане и да се одржи угостителската индустрија, како и одлуката со која Министерство за здравство не го прифати барањето на хотелско-угостителските работници да бидат на приоритетната листа за вакцинирање против ковид-19 односно ладно ги одби туристичките и угостителските работници за приоритети ва вакцинирањето, Независната угостителска комора во соработка со Стопанската комора на Србија обезбеди безусловно и бесплатно вакцинирање на сите заинтересирани македонски угостители и угостителски работници овој викенд (27ми и 28ми Март 2021 година од 08:00 до 20:00 часот) во Спортскиот центар „ЧАИР“ во Ниш, Србија“, соопштија денеска од Независната Угостителска Комора (НУК).

„Независната угостителска комора свесна дека е беспомошна во укажувањето на Владата на проблемите, колапсот и ограничувањата со кои се соочува целокупната угостителска индустрија минатиот период започна со активности со кои навистина реално ќе може да помогне и излезе во пресрет на помош и поддршка со разумни предлози и решенија за угостителите и угостителските работници.

Петтиот сет екомски мерки – не е веќе само задоцнето туку целосно промашување и разочарување за угостителската индустрија која наместо реална и конкретна безусловна поддршка на угостителите и угостителските работници Вицепремиерот со празните ветувања за петтиот сет мерки ги удави угостителите и угостителската индустрија во кредити, долгови и загуби!

Со цел НУК да проба да изнајде решенија со кои ќе може да помогне да се спаси туристичката сезона оваа година, како и да се одржи угостителската индустрија во функција уште на 16ти март со дописи се обрати до Рускиот инвестициски фонд (THE RUSSIAN DIRECT INVESTMENT FUND – RDIF) и Амбасадата на Руската федерација во Скопје, како и до Синофарм (SINOFARM CHINA) и Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје со барање за набавка на 10.000 вакцини за потребите на целокупната македонска угостителска индустрија. Со оглед дека немавме никаков одговор, по објавата на Стопанската комора на Србија за можноста за вакцинација на разни бизнис индустрии од регионот НУК веднаш со е-пошта се обрати со барање за начините и можностите на обезбедување на вакцини за угостителите и угостителските работници.

По дводневна комуникација со Стопанската комора на Србија и укажувањето и инсистирањето на потребата за вакцинација на македонските угостители и угостителски работници во пресрет на туристичката сезона, синоќа, петок 26ти Март во 21:38 часот од Стопанската комора на Србија – Коморскиот инвестициски форум на земјите од Западен Балкан пристигна допис – е-пошта со која е одобрено безусловно и бесплатно вакцинирање на сите заинтересирани македонски угостители и нивните угостителски работници која информација НУК веднаш ја сподели со сите свои членки и Претседатели на здруженија како и на својата Facebook фан страна со информација за начин на аплицирање“, додаваат оттаму.

Поврзани вести

Тука парите не вредат ништо: Ова се пет држави со најголема инфлација на светот!

msp-admin

Се изготвува нов закон за работни односи

msp-admin

Африка: Економски загуби од 69 милијарди долари поради пандемијата

Stefanija Kuzmanovska