СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Од почетокот на пандемијата 18.174 граѓани останале без работа

Директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири денес објави дека 18 174 лица до 31 јануари оваа година, останале без работа и тоа во периодот на кризата, односно после 11-ти март 2020 година.

„Секако бројката е зголемена за време на пандемијата, нашата пресметка според одјавите, вели дека има приливи и од други основи, од пасивни преминуваат во активни баратели, на пример поради пакетот економски мерки од Владата“, рече Демири.

Тој исто така соопшти дека заклучно со денес, околу 54.000 лица доцнат со пријавувањето во евиденцијата на невработени.

„Јавно го повикувам сите оние лица кои ги надминале роковите за пријава, да го сторат тоа во наредните 30 дена, почнувајќи од утре, да дојдат во центрите за да ја регулираат својата обврска. Тоа да биде најдоцна до петок 19-ти март“, потенцира Демири.

Според податоците што ги изнесе, на веб-страницата на Агенцијата за вработување на дневна основа во просек има активни конкурси и меѓу 6.000 до 7.000 слободни работни места.

Поврзани вести

Битиќи: Пописот ќе овозможи државата да носи соодветни економски политики (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Координативно тело: Во тужбата против Стопанска Банка поднесена од 430 акционери се бара надомест на штета за неисплатена дивиденда

Влатко Зорба

Измените и дополнувањата на Буџетот: Платежни картички од 6.000 денари за три категории граѓани, власта

Берта Китинска