Малопродажните цени на бензините и дизелот од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,00 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 68,00 денари. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 58,00 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 46,50 денари по литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,246 ден и ќе изнесува 33,140 денари за килограм.