СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ повисока цена на горивата

Бензинот Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар, а за денар е повисока цената на Еуросупер БС-98, Еуродизелот (D-E V) и на Екстра лесното масло за домаќинства (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 67,5 денари за литар, 70 денари на Еуросупер БС 98, 62,5 денари на Еуродизел (Д-ЕV), а на екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 51,5 денари.

За 1,932 денари по килограм поскапува мазутот М-1 HC и килограм од тој енергенс ќе се продава по цена од 37,339 денари за килограм.

Зголемувањето на цената на нафтените деривати во просек изнесува 2,25 проценти.

РКЕ ја донесе новата цена на горивата врз основа на цените на нафтените деривари на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

Поврзани вести

Во првата половина од мај ќе биде потпишан финалниот договор за започнување со изградба за гасоводниот интерконектор со Грција

Влатко Зорба

Кина сака да воведе нови царини на американскиот увоз во вредност од 2,4 милијарди долари

msp-admin

ТУК ја поздрави одлуката за овозможување работа на угостителските објeкти

Влатко Зорба