24.8 C
Скопје
18 септември, 2026
СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Мистериозна AI технологија се очекува на CES 2020

Мистериозен производ наречен Neon го привлекува вниманието во пресрет на CES 2020 – водечкиот саем за корисничка електроника, што се одржува традиционално во јануари во Лас Вегас.

Веројатно овој нов производ ќе биде промовиран од јужнокорејскиот гигант Samsung, кој има регистрирано страници на Neon на најголемите социјални мрежи, вклучувајќи ги Instagram, Facebook и Twitter.

Се шрекулира дека проектот е воден од Пранав Мистри, познат по тоа што развива компјутер, способен да препознае гестови и гласови на корисниците. Тој самиот потврдува дека во последно време работи на нешто неверојатно.

Според некои извори, под името Neon се крие сосема нова вештачка интелигенција која ќе ја револуционизира индустријата. Сепак, набудувачите на пазарот се надеваат дека Neon нема да ја повторува историјата на апликацијата Bixby AI.

Познатиот автор со алијас Ice Universe, кој често споделува исклучително вредни информации за најновите случувања во мобилната индустрија, тврди дека Neon ја претвора научната фантастика во реалност и ги има сите шанси да привлече најголемо внимание на CES 2020.

Поврзани вести

MediaTek Dimensions 1000 5G – 8-јадрен процесор за смартфони со поддршка на 5G и Wi-Fi 6

msp-admin

Redmi Note 8 веќе продаде над 10 милиони уреди

msp-admin

Instagram ја исклучува Lite апликацијата и прави нова верзија

msp-admin