СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Од утре во употреба новата жичница „Лајтнер“ во ски – центарот „Попова Шапка“

Од петок, 29 јануари, првпат за оваа сезона ќе биде пуштена во употреба новата шестоседа жичница „Лајтнер“ во Ски – центарот „Попова Шапка“.

Користењето на шестоседот „Лајтнер“ во петок, на првиот ден на пуштањето на жичницата за оваа сезона, за панорамски разглед за посетителите на Ски – центарот „Попова Шапка“ е БЕСПЛАТНО. На овој настан ќе присуствува и министерот за економија, Крешник Бектеши и управтелот на ЕЛЕМ ТУРС, Адем Авзиу.

Станува збор за супермодерна жичница, единствена од ваков вид во земјава. Должината на трасата на жичницата е 1.510 метри, со максимален капацитет за транспорт на 2.400 скијачи на час. Шестоседата жичница е позиционирана на локацијата од „Мал Јелак“ до врвот на ски-лифтот „Ајдучка Рамнина“ (поранешно Ге).

По трасата на новата жичница ќе се овозможат нови ски-патеки во должина од над 3 км. Останатите денови шестоседата жичница ќе работи редовно, како и останатите ски – лифтови и жичници во Ски – центарот, од 9 до 15,30 часот. Цената за едно возење на шестоседата жичница која ќе важи од сабота е 150 денари. За сите билети во Ски – центарот се наплаќа повратна кауција во висина од 200 денари.

Новата жичница со постојните ски – лифтови и жичници ќе овозможи подобар и побрз проток на скијачи и ќе понуди уште поатрактивни скијачки патеки. Со тоа, Ски – центарот „Попова Шапка“ и оваа сезона е вистинскиот избор за скијање и сноубординг и за сите кои уживаат во зимските спортови.

Поврзани вести

Биткоинот урна нов рекорд

Никола Поповски

Скопскиот трет најпрометен аеродром во регионот, Приштина на врвот

Влатко Зорба

Стопанските комори задоволни од мерките во четвртиот пакет

Берта Китинска