Надзорниот одбор на Банката на седницата одржана на ден 15.01.2021 година го одобри склучувањето на Спогодбата за присоединување на Охридска Банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, по што истата беше потпишана во согласност со Законот за трговски друштва, соопштија од Охридска банка АД Скопје
Согласно склучената Спогодба, за акционерите на Банката што се присоединува кои ќе се изјаснат дека не сакаат да примат акции во Банката што презема во замена за нивните акции, Банката што презема ќе изврши откуп на акциите на акционерите од Банката што се присоединува по откупна цена од МКД 5.577 за една акција.
Спогодбата ќе стане полноважна по одобрувањето од Собранието на акционери на двете банки, а по добиена претходна дозвола за статусна промена од страна на Гувернерот на Народната Банка на Република Северна Македонија.
Спогодбата, прилозите и другите релевантни информации ќе бидат достапни за увид на акционерите согласно роковите предвидени со закон.