СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ОПЕК+: Нафтената војна е завршена, но поради коронавирусот бензините остануваат ефтини

Саудиска Арабија, Русија и другите земји извознички на нафта од ОПЕК+ и групата Г-20 синоќа склучија конечен договор за кратење на вадењето сурова нафта во висина од 9.7 милиони барели дневно. Но, помалку извадената нафта, сепак, нема да го стабилизира пазарот, бидејќи побарувачката останува пониска од понудата поради светската криза со пандемија од коронавирус.

Маратонските преговори минатата недела, четири денови непрекинато преку видео врска, беа продолжени откако Мексико побара да скрати само 100 илјади барели дневно, иако Саудијците настојуваа таа бројка да биде 400 илјади. Како помош за Мексико, обврска за тоа да скрати плус 300 илјади барели дневно презеде САД.

Нацрт-договорот од четвртокот укажуваше 10 милиони барели помалку нафта дневно, но САД, Бразил и Канада се согласија да ги надоместат и тие 350 илјади барели.

Помалку извадената нафта, сепак, нема да го стабилизира пазарот бидејќи побарувачката е се уште пониска од понудата, поради светската криза со пандемијата на коронавирусот.

Пандемијата ги затвори економиите на многу западни земји, вклучително и на САД, со што потрошувачката на сурова нафта во моментов е 35 проценти помалку од вообичаените 100 милиони барели колку што се трошат во светот дневно. Се разбира, ова предизвика и пад на цените на нафтата.

Поврзани вести

Заев: Законите од петтиот пакет економски мерки ќе бидат изгласани во наредните денови

Влатко Зорба

Комората на сметководители бара пролонгирање на роковите за поднесување на годишни сметки и финансиски извештаи

Влатко Зорба

Корона кризата силно удри врз транспортната индустрија

Берта Китинска