СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Payten е нов сопственик на Grouper.mk

Payten е новиот сопственик на македонската платформа за е-трговија, Grouper.mk.

Payten, кој е дел од полската групација Asseco SEE e провајдер на целосни софтверски решенија за платежната индустрија за финансиските и не-финансиските институции, кои поддржуваат картични и не-картични трансакции.

Payten се стекна со сопственост на 100% од акциите на Grouper, како дел од стратегијата за проширување на портфолиото на компанијата со решенија за е-трговија.

„Со нетрпение ги очекуваме следните големи планови и нови решенија, кои ќе им помогнат на локалните компании да ја прифатат е-трговијата, да ја зголемат продажбата и да го унапредат нивното работење, а кои истовремено на е-купувачите ќе им понудат поголем избор и можности.” – изјавија ко-основачите на Grouper.

Posted by Nina Angelovska on Sunday, May 9, 2021

Поврзани вести

„Нордвинд“ го одложува почетокот на летовите Москва – Скопје

ДПИ во изминатите три дена изврши вкупно 1.366 контроли за почитување на здравствените протоколи

Берта Китинска

6 милиони евра за микро, мали и средни компании за технолошки развој за забрзан економси раст

Влатко Зорба