СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Плановите за рестартирање на економијата го зајакнаа доларот

Доларот се засили во азиската трговија во однос на јенот денес, бидејќи мерките на Соединетите држави и другите земји за рестартирање на економиите ги поттикнаа надежите на инвеститорите за побрзо глобално закрепнување од длабоката рецесија, предизвикана од кризата со коронавирусот.

Британската фунта забележа мало движење во однос на доларот и еврото, откако премиерот Борис Џонсон ги истакна плановите за постепено олеснување на мерките за карантин.

Доларот, на кој инвеститорите прибегнаа како засолниште со оглед на неговиот статус на светска резервна валута, неодамна разви одредена позитивна поврзаност со Вол Стрит, бидејќи инвеститорите се фокусираат на повратот.

Индексите на њујоршката берза се зголемија во петокот, пркосејќи им на мрачните бројки за една од најлошите загуби на работни места во Соединетите држави во последните 90 години.

Имено, во Соединетите држави во април 20,5 милиони луѓе ги загубија своите работни места, што е најголем пад на бројот на вработените за еден месец од Големата депресија, според показателите од платниот список објавен во петокот.

Доларот денес порасна за 0,28 проценти денес на 106,95 јени и остана стабилен во однос на еврото на 1,0843 долари за евро, пренесува Ројтерс.

Според швајцарската валута, доларот се тргува за 0,9710 франци.

Калифорнија, Мичиген и Охајо, три важни држави за американскиот производствен сектор, преземаат чекори за рестартирање на фабриките и некои бизниси, што го стимулира растот на расположението на пазарите.

Цените за фјучерсите на валутата сугерираат дека посилниот долар може да продолжи.

Шпекулантите на берзата ги намалија нето кратките позиции во американскиот долар на околу 9,15 милијарди американски долари во седмицата, која заврши на 5 мај, од 10,23 милијарди американски долари претходната недела, се вели во извештајот на Ројтерс и американската комисија за тргување со фјучерси на стоки објавен во петокот.

Британската фунта денес претежно мируваше во однос на американската валута на 1,2419 американски долари.

Наспроти еврото, фунтата, исто така, остана стабилна и се тргуваше за 87,32 пени. Во телевизиското обраќање во неделата, Џонсон најави ограничено олеснување на неделните карантински мерки што блокираа голем дел од економијата.

Владата во Лондон сака остатокот од Велика Британија да заземе иста позиција, но за сега има поделби по тоа прашање, бидејќи лидерите на Велс, Шкотска и Северна Ирска рекоа дека ќе се почитува постојната мерка „останете дома“.

Владата на Џонсон се соочува со критики за постапување во текот на пандемијата, бидејќи Велика Британија со скоро 32.000 смртни случаи од коронавирусот, е на второ место во светот по бројот на смртни случаи по Соединетите држави, додава британската агенција.

Поврзани вести

Македонците трошат околу 16.000 денари годишно на пиво

Влатко Зорба

Бектеши најави нова поддршка од државата за угостителите

Оштетени штедачи: Во грабежот на Еуростандард банка постои криминална мрежа составена од лицата на раководни позиции во банката

Ангела Веселиновска