СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Претпријатија од ССК во посета на индустриската зона во Куманово

Во креирање и имплементација на економските политики важен акцент треба да се стави на рамномерниот економски развој, кој ќе донесе подобри услови за живот и работа за сите граѓани на нашата држава, истакна претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска на денешниот настан на кој беа презентирани можностите за инвестирање во новата индустриска зона Новини и Речица во Општина Куманово

„Рамномерниот регионален развој треба да биде еден од приоритетите, кој ќе се развива преку механизми со кои ќе се овозможи економски просперитет и раст на општините. Локалната власт во Куманово е пример за креирање на нови можности за инвестиции, овозможувајќи им на македонските претпријатија да растат користејќи ги овие можности преку развој на индустриската зона. Дополнително овозможувајќи добро деловно опкружување, поврзување на претпријатијата во зоната и креирање квалитетен синџир на снабдување, ќе се овозможат и поголем број добро платени работни места, со што и директно ќе се придонесе за раст на животниот стандард на граѓаните на општината”, истакна Арсовска.

Претставници на Сојузот на стопански комори денеска присуствуваа на настанот и ја посетија новата економска зона за да се информираа за новите перспективи за инвестирање кои таа ги нуди. Оваа економска зона треба да придонесе за економски напредок на кумановскиот регион и во неа е предвидено да се развие мало и средно стопанство во делот на лесна и незагадувачка индустрија, хотелски капацитети, големи трговски молови.

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, рече дека зоната е отворена за домашни инвеститори кои прават дополнителни вложувања и имаат додадена вредност.

„Општина Куманово како најголема општина има потенцијал за развој, а уште поважно има човечки капацитети за да се постигне тоа и ќе се посвети на отворање работни места. Јас како градоначалник ќе се борам за секое едно вработување бидејќи тоа е од суштинско значење”, истакна Димитриевски.

Куманово е најголема општина во северно-источно плански регион, кој воедно е и најмалку развиен. Во оваа општина има вкупно 15.000 невработени лица, една половина е ниско квалификувана, а другата половина е со средно и високо образование.

Поврзани вести

Никотинот не е примарниот причинител за болести поврзани со пушењето

Бензините поскапуваат

Влатко Зорба

Пазарниот инспекторат затвори 17 објекти – не ги почитувале мерките за заштита од коронавирусот