СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Работниците со бенифициран стаж до 30 септември да изберат дали остануваат во задолжителен пензиски фонд

 Членовите на задолжителните капитално финасирани пензиски фондови кои имаат бенифициран стаж најдоцна до 30 септември треба да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд. Ако не достават изјава со која ќе го направат изборот, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане на 1 октомври годинава. По престанување на членството пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметките на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (Фондот на ПИОСМ), од каде ќе остваруваат пензија.

-Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), ја известува пошироката јавност дека согласно закон членовите на задолжителните пензиски фондови кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно член 118 став (3) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, почнувајќи од 1 јули 2020 година имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд, најдоцна до 30 септември 2020 година, соопштија од МАПАС.

Изборот, појаснуваат оттаму, се врши со писмена изјава за продолжување на членство, а доколку членовите до овој рок не достават изјава, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане на 1 октомври 2020 година.

-По престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметките на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (Фондот на ПИОСМ). Членовите кои нема да го остварат правото на избор остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ) од каде што ќе остварат пензија, се вели во денешното соопштение од МАПАС. 

Поврзани вести

Бектеши: УЈП да поднесе кривични за фирмите кои ја злоупотребиле државната помош

Берта Китинска

Димковски: Откупени се 26 милиони 296 илјади и 424 килограми тутун со просечна цена од 220 денари за килограм

ЦГК: Расте бројот на нетранспарентни тендерски постапки при јавните набавки

Влатко Зорба