СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Оштетени штедачи: Фирма со двајца вработени зела кредит од 670 илјади евра од Еуростандард

„Фирма за трговија и услуги основана во август 2016 година со седиште во општина Кисела Вода во Скопје, со непаричен влог од 5 илјади евра, двајца вработени и депонентна сметка во Комерцијална банка, нема платено ниту една рата од земениот кредит од Еуростандард банка и доцнела со исплата повеќе од една година до затворањето на банката во август минатата година. Фирмата има една сопственичка и воедно управител. Одобрениот и доделен кредит е во висина од околу 670 илјади евра додека за обезбедување на кредитот се води единствено обична меница и без клаузула за правосилност и извршност. Билансите на фирмата кажуваат дека таа во минатите години била екстремно презадолжена. Капиталот и резервите на фирмата се околу 15 илјади евра и истите се 45 пати помали од земениот кредит додека годишната добивка на фирмата се движела од 800 евра до 7 илјади евра. Билансите потврдуваат дека практично фирмата не била и не е во можност да го враќа кредитот. Ни од далеку, фирмата не била кредитоспособна да добие така голем кредит“, соопштија денеска Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка.

„Воедно, сопственичката на оваа фирма е сопственичка и во друга фирма со слично име и на иста адреса како и првата фирма, основана во јуни 2019 година, со непаричен влог од 5 илјади евра и без вработени. Оваа фирма веќе има долг за неплатен данок од околу 25 илјади евра кон Управата за јавни приходи.

Како раководството на Еуростандард банка, од управниот, кредитниот и надзорниот одбор, одобрило вака голем кредит на ваква високоризична фирма!? Очигледно, кредитна анализа не е направена, кредитот е даден на барање и со договор да не се врати. Парите поделени. Ниту се плаќани рати, ниту можело да се плаќа. Дадени на вересија неповратни 670 илјади евра наши пари.

Оштетени штедачи: Како се префрлаа парите од „Еуростандард“ во приватни џебови (пример од 2,5 милиони евра)

Повторно, и во овој случај како и во многу други случаи во ограбената банка, веројатно дека гувернерката Анита Ангеловска Бежоска „не го видела” ниту овој кредит, високоризичен и ненаплатлив. Зошто гувернерката Бежоска не ги гледала документите за овој и многу други подарени кредити кога вршела надзор над банката? Се работи за стотици ултра ризични кредити за кои раководството на банката ниту почитувало пропишани критериуми за одобрување на кредити ниту управувало со кредитниот ризик. Зошто гувернерката Бежоска не је вршела својата работа за која е законски надлежна и должна да ја врши, а за што е скапо платена од наши пари? Не само што молчела и не го спречила грабежот во банката соодветно и навремено, таа и јавно не лажеше дека нашите депозити се сигурни и безбедни. Како не и е срам, како не чувствува професионална и морална одговорност за дозволениот масовен грабеж на нашите депозити и како сеуште нема доблест ниту совест да ја напушти позицијата на која седи!?

Неказнивоста е водечката одлика во земјава со која може да се „пофалиме”. Тоа е таа општествена забеганост којашто ги прави ваквите личности кои континуирано се богатат на туѓа мака, да бидат „примерни и заслужни граѓани” во оваа држава. Не е ни чудо што сме рангирани на високото поразително и срамно 111 место во светот за перцепцијата за корупција.

Што да се објаснува понатаму!? Се е јасно. Во Еуростандард банка е направен пустош. Вакви и слични криминални приказни во банката има многу. Ќе ни треба доста време да раскажеме за сите нив. Дали само од Еуростандард банка или во соработка со некоја друга домашна финансиска институција, останува да прочитате. Криминалците да бидат ставени во затвор и парите да ни се вратат во целост“, додаваат оттаму.

Здружение на оштетени штедачи: Како е можно речиси 60 милиони евра да исчезнат од Еростандард на денот на нејзиното затворање?

Поврзани вести

Арсовска: Потребна институционална поддршка за позиционирање на македонските брендови

Влатко Зорба

ССМ бара да продолжи финансиската поддршка за исплата на плати

Влатко Зорба

Влада: Априлската плата од 14.500 денари по работник ќе легне на сметките од 21.542 компании