СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Раст на трошоците на живот во февруари

Трошоците на живот во февруари оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,1%, а кај цените на мало нема промена, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Трошоците на животот во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележат зголемување од 1,9%, а кај цените на мало има зголемување од 1,8%.

Пораст на трошоците на животот во февруари 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 2,7%, свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови, виното за 0,8%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,5%, рибата и морските плодови, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,3%, лебот и житата, полномасното млеко за 0,2%.

Во февруари, исто така, пораст на трошоците на животот, е забележан и кај гасот за домаќинствата, моторните возила, информатичката опрема за обработка на податоците за 3,1%, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1,4%, медиумите за снимање за 0,9%, снабдувањето со вода, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,7%, патниот патнички транспорт за 0,6%, големите електрични апарати за домаќинствата, фармацевтските производи, градините, растенијата и цвеќињата за 0,5%, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 0,4%, мебелот и покуќнината за 0,3%.

Намалување на трошоците на животот во февруари 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, жестоките пијалаци за 0,7%, сирењето и урдата за 0,2%.

Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 18,6%, обувките за 2,3%, собирањето на отпадните води за 1,2%, ткаенините за изработка на облека за 0,5%, облеката, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, другите лични предмети за 0,4%, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,3%, домашните миленици и сродните производи за 0,2%.

Поврзани вести

Минималната плата да биде над 16.000 денари, бара КСС

Влатко Зорба

За еден ден заработил 5,1 милијарди долари!

Влатко Зорба

306 работодавачи не ја исплатиле платата на 992 вработени, а земале финансиската поддршка од 16.305.020,00 денари

Влатко Зорба