СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Регулаторна објави: Од 01.01 корисниците на гас ќе плаќаат пониски сметки

На денешната седница, регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, донесе одлука со која ќе се намали тарифата за пренос на природен гас во просек за 6,16%. Истата одлука ќе стапи на сила од 01.01.2021. година.

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски потенцираше дека бенефитот од оваа одлука ќе го почувствуваат сите корисници на природен гас чии сметки од 1 јануари ќе бидат пониски.

„На крајот од годината една добра вест а тоа е дека на денешната последна седница за 2020 година донесовме одлука за намалување на тарифата за пренос на природен гас во просек за 6,16 отсто. Бенефитот од оваа одлука ќе го почувствуваат сите корисници на природен гас чии сметки од 1 јануари ќе бидат пониски. Клучни причини поради кои се намалува тарифата за пренос на природен гас се зголемените количини на природен гас кои ќе се пренесуваат следната година, како и влијанието на намалената увозна цена на природниот гас“, посочи Бислимоски.

Од РКЕ потсетуваат дека еднаш во годината носат одлука за тарифата за пренос на природен гас.

Поврзани вести

Гутереш повика за простување на долговите на земјите во развој

Stefanija Kuzmanovska

Дополнителни субвенции од два денара за произведено и предадено грозје, еве за кои сорти

Домаќинствата кои имаат помали приходи ќе добиваат поголеми субвенции за струја

Влатко Зорба