СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

РЕК Битола ќе престане да произведува струја од јаглен во 2040 година

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски на дебатата „Визија за енергетска транзиција 2040“ соопшти дека РЕК Битола ќе престане да произведува струја од јаглен во 2040 година.

Со завршувањето на грејната сезона 2025/2026 година во план е да престане да работи првиот блок на РЕК, потоа во 2031/2032 ќе се затвори вториот, а третиот блок ќе престане да работи со завршувањето на грејната сезона 2039/2040 година.

Во меѓувреме на просторот на овој рударско-енергетски капацитет ќе се создаваат нови „зелени“ енергетски капацитети. Кога ќе се затвори првиот блок на РЕК Битола, треба да биде готова гасна централа со јачина од 250 мегавати, што ќе го замени производството од првиот блок. Истовремено, тоа ќе биде и комбинирана централа што ќе произведува топлинска енергија која ќе се спроведува преку топловод од РЕК Битола, преку општините Новаци и Могила до Битола. Во рамките на РЕК Битола планирана е и изградба на соларна електрана од 200 мегавати.

Електростатички филтри во блоковите 2 и 3 на РЕК Битола, најави Ковачевски, ќе се стават до 2023 година, а десулфоризацијата треба да почне да се врши од 2026 година.

Поврзани вести

Вештачката интелигенција извор на моќ за доминација во светот

Stefanija Kuzmanovska

Потврдениот кредитен рејтинг од „Стандард и Пурс“ ја акцентира и стабилноста и ликвидноста на банкарскиот систем

Stefanija Kuzmanovska

ССК: Посебен фонд за опоравување на женското претприемништво

Влатко Зорба