СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

РСС објави конкурс за дигитални решенија за помош на туризмот – награди од по 15.000 евра

Регионалниот совет за соработка (РСС) од денеска бара идеи за дигитални алатки за помош и промоција на туризмот на Западен Балкан, при што 6-те најуспешни идеи ќе бидат наградени со по 15 илјади евра.

Конкурсот, како што соопштуваат од РСС, под име ФУТОУРИСМО е финансиран од страна на Европската унија, а идејата е да се ублажи негативното влијание на секторот туризам во шесте држави од Западен Балкан и да се зачуваат работни места во секторот.

Право на учество имаат новоформирани мали компани, стопанственици, организации и други, со цел да предложат и развијат иновативни дигитални решенија за промоција на туризмот.

Изборот на победниците, шесте најдобри решенија, ќе бидат прогласени на 23 февруари на церемонија по пат на интернет.

Поврзани вести

Ангеловска: Преку јасна стратегија и партнерство ги решаваме невработеноста и сивата економија

msp-admin

Лозарите ќе добијат дополнителна субвенција од 2 денари за килограм предадено грозје

Влатко Зорба

Потпишан договор за државна помош со турската компанија „Пурпласт“

Влатко Зорба