СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Рускиот министер за енергија: Повисоки цени на нафтата не треба да се очекуваат наскоро

Договорот со ОПЕК плус, кој ќе стапи во сила во мај, ќе даде поттик пазарот постепено да се нормализира, но не би требало да се очекува некој значителен пораст на цените на нафтата во скоро време, според рускиот министер за енергија Александар Новак.

Тој додаде дека причина за ова е прекумерната акумулација на нафта заради малата побарувачка како резултат на кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот.

Нормализацијата на пазарот може да се очекува во втората половина од годината паралелно со зголемената побарувачка.

Новак исто така рече дека Министерството за енергетика гарантира дека нема да има дефицит на гориво во Русија, без оглед на развојот на состојбата на пазарот.

Поврзани вести

Анѓушев: Целта е да ги задржиме младите, наместо да извезуваме луѓе во другите држави

msp-admin

На банките им должиме 353,3 милијарди денари

Влатко Зорба

Ангеловска: За побрз економски раст повеќе жени на раководни позиции

Влатко Зорба