20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

САД: Речиси осум милиони луѓе беа отпуштени во април

Американските работодавци отпуштија 7,7 милиони луѓе во април, што е знак на длабочината на рецесијата предизвикана од пандемијата, пренесе „РТЦГ“.

Министерството за труд на САД соопшти денеска дека бројот на понудени работни места опаднал од март за 16 проценти, на пет милиони, додека бројот на оние што се вработиле паднал за 31 процент во април, на 3,5 милиони.

По отпуштањето на 11,5 милиони луѓе во март, лошите резултати во април значат дека американската економија ги загубила придобивките што ги граделе скоро десет години за само два месеци и дека закрепнувањето би можело да биде долготрајно.

Поврзани вести

Намален бројот на работници во индустријата

Влатко Зорба

Lidl ја регистрираше својата компанија во Македонија

Влатко Зорба

Пензиите повисоки во просек за 185 денари, ќе се исплаќаат од 26 јануари

Влатко Зорба