„Вчера беа посетени контроли на 5 компании за контрола на горивото што го користат. Не можам да кажувам имиња, но станува збор за најголемите компании во земјата, кои покриваат 80 проценти од пазарот со нафтени деривати во нашата држава“, вели министерот за економија, Крешник Бектеши за емисијата „Топ тема“, откако вчера со мобилната лабораторија почна анализа на квалитетот на горивата што увезуваат и користат.
Според него, ќе се посетат 10-тина компании и 300 бензиски пумпи кои увезуваат.
„Лабораторијата е во функција и граѓаните ќе знаат за квалитетот на течните горива од бензиските пумпи од каде што купуваат. Ние како Влада сме обврзани да им овозможиме на институциите да работат согласно нивните потреби, а тоа е независната мобилна лабораторија, која нема да биде селективна“, додава Бектеши.