СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Шахпаска: Пет посто повисока плата за месец септември ќе добијат вработените во јавниот сектор

Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата, во денешната изјава истакна дека вработените во јавниот сектор ќе добијат за пет посто повисока плата за месец септември и дека истата ќе биде исплатена до 15-ти во месецот.

Таа исто така рече дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и создава грижа кај граѓаните, додека Владата активно работи на подобрување на животниот стандард.

“За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која парите ги трошеше на барок и стиропор, СДСМ се грижи грижи за граѓаните и обезбедува средства за подобрување на нивниот стандард.

Од минатата година до денес покачена е платата за 10% на медицинските сестри и 15% на докторите специјалисти, покачена е платата во образованието, обезбедена е финансиската состојба на 12 илјади стечајци.

СДСМ пртодлжува со мерките кои се во интерес на граѓаните на Република Северна Македонија“, рече Шахпаска.

Поврзани вести

Бислимоски: Приклучокот на природен гас на домаќинствата ќе чини до 100 евра

Влатко Зорба

Берзата во Загреб го зголеми сопственичкиот удел во Македонската берза

Влатко Зорба

Промет од 23 милијарди долари за девет часа на „Денот на самецот“