СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Што е балирање на отпадот и како се прави?

Како брзо и ефективно, а воедно и еколошки и финансиски исплатливо решение за справување со отпадот се почесто како можност се спомнува балирањето. Дефиниран како процес што го компресира отпадот и потоа се замотува во лента како бали, овој процес е класифициран како безбеден за чување на отпадот на подолг период и токму заради рационалноста во однос на просторот, се почесто е применет во многу европски градови.

Но, зошто овој метод е толку префериран и како функционира?

Единицата за балирање е компактна единица и е составена од 3 контејнери. Ова овозможува да биде транспортирана со 3 камиони и повторно да се инсталира на која било локација за 15 дена. Вообичаено овие единици се инсталираат на самите депонии. За да работи единицата за балирање, потребно е далновод (70 kW). Процесот на балирање целосно може да биде управуван од само 3 лица. Еден оператор работи со натоварувач односно го товари отпадот во метална конструкција како контејнер што го прима отпадот.

Товарање на отпадот во единицата за балирање

Оттаму, отпадот се пренесува во единицата за балирање преку подвижна лента. Пред да влезе во единицата, магнет го собира металниот дел од отпадот. На овој дел може да се додаде и дополнителна лента за селекција на пластика пред отпадот да влезе во единицата за балирање. Издвојувањето на овие фракции дополнително ја зголемува еколошката придобивка од ваквиот метод.

Компресирање на отпад (намалување на волуменот 3: 1) и обвивање со водоотпорен пластичен филм кој го заштитува отпадот од контакт со воздухот и спречува деградација.

Еден оператор ја контролира единицата за балирање. Кога има доволно отпад во системот (приближно 1 тон), овој отпад се компресира и се врзува односно намотува во филм-лента.

Кога ќе се заврши намотувањето и врзување, балата отпад автоматски излегува од единицата. Третиот оператор ја собира оваа бала со обичен виљушкар и истата може да биде депонирана на истата локација, депонијата или да се транспортира на друга локација.

Лента со пластичен филм

Капацитетот на единицата за балирање е приближно 35 тони на час. Системот е навистина флексибилен, потребно е само приклучок за електрична енергија, може да се транспортира на разни локации и повторно да биде оперативен, времето на работа е прилагодливо во зависност од количината отпад а капацитетот може да биде до 500 тони на ден. Со 7 часовна оперативност на единицата за балирање се процесираат, обработуваат до 200 тони отпад. Ова е доволно за третирање на отпадот за средини од 130 000 жители. Со ваквите карактеристики и капацитети, балирањето претставува посебна погодност за справување со отпадот на македонските градови.

Излегување на балите од единицата

Балирањето на отпадот како метод на справување носи повеќе предности за животната околина, воздухот и здравјето на граѓаните. Со затворањето во пластична филм лента се спречува ширење на мирис, заштитен е од секакви атмосферски влијанија, врнежи, високи температури, нема исцедување од отпадот што ги загадува водите и почвата. Бидејќи воздухот од отпадот се исфрла со компресија, ова ја намалува деградацијата на органскиот дел. Отпадот балиран е заштитен и од палење и горење, па така се спречуваат и пожари кои се честа појава во нашата земја.

Безбедно складирање (помалку волумен, организирано, безбедно)

Со методот на балирање, постојат предности со намалувањето на волуменот. Балираниот отпад зафаќа помалку простор за складирање. Еден кубен метар отпад кога се собира тежи приближно 250 килограми. Со компресирање на отпадот во бали, истата количина зафаќа 4 пати помалку волумен. Така, 1 кубен метар компресиран отпад претставува 1 тон отпад. Балите се стабилен материјал и безбедно може да се складираат и до 20 години.

Балирањето на отпадот чини приближно 600 до 700 денари за тон отпад или 15 до 20 денари по жител месечно. За споредба, само прифаќањето, без никаков третман на 1 тон отпад во контролирана депонија во Македонија чини 680 денари.

Лесен транспорт

Балирање на отпадот е вистинско и одржливо решение и доколку се прифати во Македонија ќе даде инстантно решение за отпадот во урбаните и руралните средини.

Овој систем не е во конкуренција на националната стратегија за управување со отпад во земјата. Постои стратегија за создавање на регионален центар со претходна обработка на отпадот, но овие центри нема да се изградат во наредните 5 до 6 години. За време на овој период како и досега, населението и животната средина се под влијание на отпадот и горењето на истиот, а балирање ќе го реши овој проблем веднаш.

Поврзани вести

Минималната потрошувачка кошничка повисока од просечната плата

Влатко Зорба

Ултра богатите загадуваат колку пола планета заедно

Stefanija Kuzmanovska

Започна ценовната војна на Саудиска Арабија и Русија

Stefanija Kuzmanovska