СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Шуклева: Струјата не треба да биде социјална категорија, и мојата сметка е поскапена

Директорката на МЕПСО, Ева Шуклева вели дека е согласна, дека во државата постои социјална категорија на луѓе, на кои тешко ќе им падне поскапувањето на цената на струјата.

„Струјата не треба да биде социјална категорија. Затоа МЕПСО не може, не дека не сака, ние знаеме каква е ситуацијата во државата особено поради ковидот. На сите нас и на мене ми е поскапена струјата, врз сите влијае тоа меѓутоа компанијата мора да продолжи да работи“, вели Шуклева.

Таа посочи дека АД МЕПСО учествува со само 4,2 отсто во вкупната цена на електричната енергија.

„Во пресметките за цената на струјата ги преставуваме реалните трошоци и приливи на компанијата. За да можеме да правиме инвестиции потребно е да има реална цена на струјата. Во спротивно не може да се прават инвестиции во енергетските компании. Се купува светска опрема и тука цената е иста како што е во Германија. Затоа ние како раководство на компанијата не можеме да отстапиме од нашите барања за цената, затоа што некој од нас ќе побара одговорност зашто не сме ги претставиле реално трошоците”, рече Шуклева.

Последното зголемување на цената на струјата се случи во август годинава и изнесуваше 7,4 отсто. Граѓански здруженија и револтирани граѓани од повеќе градови низ земјава организираа протести против оваа одлука, но тоа засега не ги предомислува енергетските компании да ја повлечат одлуката. Ставот на Регулаторната комисија за енергетика е  дека новата повисока цена на струјата се должи на намалените приходи на  енергетските компании од  Македонија. Регулаторот потенцираше дека повлекување на одлуката е можно само доколку со тоа се сложат енергетските компании.

Поврзани вести

ЕБОР: Раст од три проценти на македонската економија следната година

Stefanija Kuzmanovska

МФ: Поголема финансиска писменост – подобри финансиски одлуки и економски развој

Влатко Зорба

Спасовски: Банкарскиот систем кој е најстабилен, ќе мора да носи дел од товарот

Берта Китинска