Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, за емисијата „Што не е јасно“, изјави дека Република Македонија е земја во регионот и Европа која одвои најмалку за помош на своето стопанство, додавајќи дека Србија само со исплатата на 100 евра на секој полнолетен граѓанин ја надминала помошта доделена во Македонија.
„Факт е дека Република Македонија е земја во регионот и во Европа со најниска помош во однос на бруто домашниот производ, онаа што барем е проектирана, да видиме колку ќе се реализираа. Само да споменам дека соседна Србија со една мерка, поделбата на оние 100 евра на полнолетните граѓани, стигна до 500 милиони евра, што е еден процент од нивниот БДП. Тие нудат исплата на три минимални плати за исплата на погодените сектори, понатаму одложување на отплаќање на придонесите, даноците што нели ќе дојде таму до 3,5 милијарди евра, што изнесува многу повеќе од поддршката која ја пружа македонската Влада“, вели Славески.
Според него, до овој момент ниту една компанија нема добиено никаква државна помош во справувањето со корона кризата.
„Имено знаеме дека побараа помош уште пред два месеци кога настапи кризата и беше јасно што ќе се случува. Факт е дека до овој момент никој нема добиено никаква помош. Се се објаснувања, дообјаснувања, менувања на условите, аплицикации и слично. Дури се надевам дека не грешам оние 4,7 милиони евра од првиот пакет наречен Ковид 1 од македонска развојна банка, каде што можеа да аплицираат за безкаматни кредити претпријатија погодени од првиот удар на кризата и оние од угостителскиот сектор, се уште не се распределени средства“, вели Славевски.