СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Државата врати 1 милијарда 146 милиони евра, Буџетот е стабилен, вели Заев

За тоа како ќе се справиме со економската криза освен редовните задолжувања, премиерот Зоран Заев изјави дека реално очекува дека земјава ќе се оддржи на пад од -4,5% на БДП

„Не се пропаднати нашите европски интеграции. Ние немаме друг пат по кој ќе чекориме. Сите сили ги насочивме кон одблокирање на ветото од Бугарија. Реално очекувам дека ќе се оддржиме на пад од -4,5% на БДП. Државата врати 1 милијарда 146 милиони евра. Буџетот е стабилен, се исполнува оптимистичката варијанта од почетокот на кризата. Верувам дека ќе се справиме соодветно со оваа рецесија со рационализација на трошењата во Владата“, истакна Заев.

Во однос на мерката на субвенционирање на плати, вели дека голем дел од фирмите се стабилизирани.

„Во апликациите имаме некаде околу 56.000 работници за плати. Голем дел од фирмите се стабилизирани. Ова е вторпат да се користи оваа мерка. УЈП е флексибилна се продолжуваат рокови се со цел секому да му се помогне. Сите што ги исполнуваат условите се прифаќаат“

Поврзани вести

Отплатил долг од 29.000 долари, а заштедил 100.000 долари, поради овие книги

Stefanija Kuzmanovska

ССМ: Работодавачи спречуваат работници да се вакцинираат во термините кои им се определени во работните денови

Николов: Анти рударските движења ја намалија инвестициската клима и се причина поради која државата губи стотици милиони евра