СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Сојузот на стопански комори на Македонија е против предлогот за зголемување на акцизата на горивата

Сојузот на стопански комори на Македонија  е против предлогот за зголемување на акцизата на горивата.

-Ова барање за зголемување кое до Владата го предложила Стопанската комора, ќе предизвика дополнително оптоварување на домаќинствата, земјоделците, ќе ги зголеми цените на транспортот, како и цената на голем број производи и услуги. Мерка која е во корист на две-три фирми, а на товар на претприемачите и граѓаните и тоа во време на криза, не е добредојдена. Овој чекор може да нанесе штета на малите и средни компании од сите сектори, а со тоа и на над 99 проценти од регистрираните субјекти во приватниот сектор и на граѓаните кои очекуваат мерки за помош, а не покачување на трошоците, соопшти денеска Сојузот на стопански комори.

Малите и средни претпријатија, укажуваат, се 99,8 проценти од сите регистрирани во земјата, од сите сектори, земјоделство, трговија, угостителство, услуги, ИКТ, мали индустриски капацитети без кои не само економијата, туку и целото општество нема да функционира и треба да им се помогне, а не да се смислуваат нови начини во кризава да им се зголемуваат трошоците..

Според ССК, излезот од кризата не лежи во зголемување на акцизите, а преку тоа и на цените заради полнење на буџетот, туку во обезбедување на институционална финансиска инјекција кон приватниот сектор и граѓаните. Со предложените мерки, со сегашната ситуација се најави дека во просек во државниот Буџет, по основ на акцизи и ДДВ од продажбата на нафтените деривати, на месечно ниво би се прибрале средства околу 4 милиони евра, односно близу 50 милиони евра на годишно ниво.

Поврзани вести

Зошто многумина не ја почитуваат самоизолацијата?

Stefanija Kuzmanovska

Преку трите линии бескаматни кредити од Развојната банка обезбедени 44,1 милиони евра за стопанството

Влатко Зорба

„Европа“ се стекна со 54 обични акции од „Фершпед“, „Бане комерц Трејд“ со 3.300 од „Кристал“

Влатко Зорба