СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Советот на Општина Центар ќе го субвенционира ЈП „ПОЦ“ за заедничкиот проект „И отпадот има вредност!“

На последната 59-та седница на Советот на Општина Центар донесе Одлука за субвенционирање на ЈП „ПОЦ“ за заедничкиот проект „И отпадот има вредност!“.

Со дополнителни 9 милиони денари општината и ЈП „ПОЦ“ ќе го покријат цел Центар со повратни вендинг машини.

-Со проектот „И отпадот има вредност!“ на ЈП „ПОЦ“ и Општина Центар граѓаните можат своите пластични шишиња и лименки да ги рециклираат на поставените повратни вендинг машини поставени на повеќе локации низ општината, да добиваат субвенции и да ги користат попустите во повеќе од 30 локали во Скопје, сподели на својот ФБ профил градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.

Поврзани вести

Филков: Поголеми напори треба да се вложат за отчетност при трошењата во јавните набавки

Влатко Зорба

„Луфтханза“ го продаде европскиот кетеринг бизнис вреден повеќе од милијарда евра

Котација и проширување на котацијата на државни обврзници

Влатко Зорба