СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ССМ: Има уште седум дена за исплата на К-15

Работодавачите имаат уште седум дена за исплата на регресот за годишен одмор, односно К-15, велат од Сојузот на синдикати на Македонија

– Правото на регрес за годишен одмор е во висина од најмалку 40 проценти од основицата, односно најмалку 10.962,00 денари, а потсетуваме дека Општиот колективен договор согласно член 2,се применува непосредно и е задолжителен за работодавачите и вработените во приватниот сектор и согласно истиот нема исклучоци односно Општиот колективен договор задолжително се применува за сите субјекти во приватниот сектор, се наведува во соопштението.

Право на исплата на К-15, како што посочуваат од ССМ, имаат и оние работници кои биле отсутни од работа поради боледување, вклучително и отсуство поради Ковид-19, како и работниците кои користат платено отуство.

– Апелираме работниците да не дозволат, онаму каде што нема формирано синдикат, работодавачите да ги убедуваат користејќи го институтот претставник на работниците,  и да вршат притисок, работник да потпише некаков документ за намалување на правата на неговите колешки и колеги работници поради тоа што согласно пријавите до ССМ ова најмногу се злоупотребува од страна на работодаваачите на штета на рабониците и намалување на нивните работнички права, а одговорноста за таквата злоупотреба е како на работодавачот, така и на работникот, нагласуваат од ССМ.

Поврзани вести

Девалвација на повеќе странски валути по падот на цената нафтата

Stefanija Kuzmanovska

Оштетени штедачи: Дали обична меница може да биде единствено покритие за кредит од 660 илјади евра?

Влатко Зорба

Обештетувањето на депозитите од Еуростандард банка ќе биде еднократно, датумот на исплата познат во следните денови

Александар Петровски