АД ЕСМ денеска објави јавен повик за набавка на помошна механизација за РЕК Битола во вредност од 19 милиони евра со која се планира да се купат 47 парчиња од механизацијата за ископ на јаглен, а како што информира генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата, следната година ќе се објави уште еден повик за набавка на циклична механизација во вредност од 26 милиони евра.
– Објавената јавна постапка е само прва фаза од процесот на осамостојување на РЕК Битола за целосно самостоен ископ на јаглен, а ќе следуваат уште две фази со кои целосно ќе се обезбеди потребната механизација за ископ на јаглен од сопствени средства. Во втората фаза во 2020 година ќе се набави циклична механизација за дисконтинуиран ископ на јаглен во рудникот Брод Гнеотино во вредност од 26 милиони евра, додека во третата фаза ќе се набави тоа што производствениот процес во меѓувреме ќе покаже дека е потребно дополнително да се обезбеди од двата вида на механизација (помошна и циклична) за целосно да се отстрани потребата од ангажирање на надворешна механизација, рече Ковачевски.
Тој додаде дека јавната набавка доцни, бидејќи се правеле техно-економски анализи што е најсоодветно да се набави и се чекала измената на Законот за јавни набавки за цената да не биде основниот критериум при набавката, туку дас еземе во предвид и квалитетот на опремата што, како што рече, е значајно кога се работи за механизација која треба да се користи во рудник.
– Во последните десет години за ангажирање на помошна механизација од надворешни фирми РЕК Битола има платено повеќе од 90 милиони евра. За оваа набавка рамковно имаме предвидено 19 милиони евра, при што и со сите пресметки на трошоци, вклучително и на ангажирање на механизацијата, сервисирање, човечките ресурси и се што е потребно, сепак е поисплатлива отколку да се изнајмува опрема, рече Ковачевски.
Во изминатите години, како што нагласи, РЕК Битола за ангажирање на надворешна механизација потрошила сума од 8,5 милијарди денари, кои од 2017 година наваму драстично се намалени. Во 2013 година, како што рече, за таа намена биле потрошени 647 милиони деанри, во 2014-та 970 милиони, во 2015-та 602 милиони денари, а во 2017 294 и во 2018 година 388 милиони денари.
– Сето тоа покажува дека новото раководство на ЕСМ придонесе за зголеменоо производство, намалени трошоци и вложување во заштита на животната средина, потенцира Ковачевски.
Премиерот Зоран Заев рече дека со објавената јавна набавка ќе се обезбеди квалитетна механизација заради промените во Законот за јавни набавки кои дозволуваат при набавката цената на чинење да учествува со 60 отсто во критериумите за набавка, а квалитетот со 40 отсто. Тоа, според него, ќе придонесе на јавниот повик да се јават светски познати компании и да се набави опрема со добар квалитет, наместо опрема со сомнителен квалитет, но со пониска цена заради зголемениот интерес за учество на повикот.
– Јавната набавка ќе обезбеди долготрајна заштеда. Таа е инвестиција за иднината и вложување во иднината и ќе значи заштеди за РЕК Битола, потенцира Заев.
Во одговор на прашање тој рече дека тендерот за набавка на иста опрема што бил објавен во 2017 година од претходното раководство на тогашното АД ЕЛЕМ бил поништен зошто компанијата тогаш немала доволно пари и била задолжена. Покрај тоа, додаде, цел ни беше да обезбедиме квалитетна механизација која ќе може лесно да се сервисира и да има доволно резервни делови за тоа, заради што, посочи, ги чекавме измените на Законот за јавни набавки. По измените на Законот, што стапија на сила на крајот на април годинава, пак, имало приоритетно почнати проекти во ЕСМ меѓу кои и за субвенционирање на набавката на инвертери во четири најзагадени општини во државава. Најви дека очекува на денешната владина седница да се донесе одлука парите за таанамена да сепрефрлат насметките на општините од каде ќе им се доделуваат на граѓаните и од средината на јануари да почне аплицирањето во општините за набавка на инвертери.