Финансискиот резултат за “Тутунски комбинат АД Прилеп” за период 01.01.2020-31.12.2020 покажува добивка во износ од 31.004 илјади денари. Споредбено со претходната 2019 година во истиот период, исто така имаме позитивен финансиски резултат од 39.220 илјади денари. Значи друштвото ги исполнува планираните параметри, со тенденција да се продолжи со исто темпо и во наредните години, се вели во извештајот на компанијата.
• Оперативните приходи на износ од 904.486 се намалени за 7% во однос на претходната 2019 година каде што се со вкупен износ од 974.625 илјади денари, тука имаме благ пад. Причината за ова намалување на оперативните приходи е резултат на намалувањето на приходите од продажба.
• Оперативните расходи се зголемени за 1% односно од 1.015.158 илјади денари на 1.021.220 илјади денари. Зголемувањето на оперативните расходи најмногу е изразено кај ставката „Трошоци за суровини и други материјали“.
• Финансиските приходи се намалени од 124.935 илјади денари на 107.929 илјади денари споредено со претходниот период, односно истите се намалени за 14%.
• Финансиските расходи изнесуваат 50.831 илјади денари, што претставува зголемување за 8% во однос на претходниот период, кога изнесувале 47.103 илјади денари. Ова зголемување на финансиските расходи се должи пред се на зголемувањето на расходите по основ на камати од работењето со неповрзани друштва и расходите по основ на курсни разлики од работењето со неповрзани друштва.
• Оперативна добивка за периодот 01.01.2020 – 31.12.2020 година изнесува 31.004 илјади денари, наспроти оперативната добивка од претходниот период во износ од 39.220 илјади денари, каде има намалување за 21%.