СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Трговската размена зголемена, до септември 12,29 милијарди долари

Вкупно 12.288.709.000 американски долари изнесува трговска размена на земјава за периодот јануари – септември 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот е 5.377.820.000 американски долари што е раст од 6,5 отсто во однос на истиот период лани, додека вредноста на увeзената стока изнесува 6.910.889.000 долари што е зголемување од 4,8 проценти.

Трговскиот дефицит изнесува 1.533.069.000 долари.

Според Државниот завод за статистика, трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Во периодот јануари – септември 2019 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Поврзани вести

Постигнат историски договор меѓу најбогатите земји во светот

Влатко Зорба

Растат светските цени на златото

Пад од 42,7 проценти на извршената работа на домашните градежници во странство

Влатко Зорба