СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ЕСМ: Државата се снабдува од домашно производство

Тарифните потрошувачи во државата се снабдуваат со електрична енергија од домашно производство, односно главно од производните капацитети на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Недостиг на електрична енергија нема, ниту е потребен интервентен увоз, се вели во демантот на ЕСМ на ВМРО-ДПМНЕ.

ОД ЕСМ информираат дека не се точни наводите изнесени од ВМРО- ДПМНЕ.

– Ја информираме јавноста дека не се точни наводите изнесени од страна на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ дека привременото запирање на два блока во РЕК Битола поради санирање на дефект на трафостаницата на МЕПСО која ја прифаќа електричната енергија од РЕК Битола ќе предизвика потреба од увоз.Увоз нема да се случи, од причини што АД ЕСМ го компензира потребното производство преку своите хидроелектрани кои се во секој момент подготвени да се вклучат во мрежа, стои во демантот.

Ангажирани се системските услуги кои ЕСМ има обврска да ги обезбеди и, како што се наведува, му се на располагање на преносникот МЕПСО, односно резерви на енергија за балансирање на системот кога потрошувачката и производството отстапуваат. На тој начин, дури и во вакви ситуации електроенергетскиот систем функционира во рамки на предвидените процедури

Од АД ЕСМ напоменуваат дека нема направено увоз на електрична енергија од 2017 година. АД ЕСМ годинава продаде вишоци електрична енергија за 17,4 милиони евра. 

Поврзани вести

Туристичките знаменитости може и треба да се уживаат, но мерките и протоколите мора да се почитуваат

Петтиот пакет мерки усогласен со коморите

Влатко Зорба

Само во министерството на Груби се зголемени платите на административците, вели Шаќири

Берта Китинска