СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Угостителите ќе опстанат ако добијат најмалку 250 милиони евра од четвртиот пакет, велат од НУК

Од 470 милиони евра субвенции, грантови и кредити од четвртиот пакет економски мерки што ги усвои Владата, најмалку 250 милиони евра треба да им припаднат на угостителите, смета Независната угостителска комора (НУК).

Според Комората, само доколку навистина овие средства завршат на сметка на угостителската индустрија, ниту еден угостител нема да пропадне, ниту пак некој угостителски работник ќе остане без работа и плата.

-Се надеваме дека денешните претставници на т.н. загрозени индустрии на закажаните преговори во 15:00 часот со претседателот на Владата ќе знаат и умеат да се изборат, не само за своите права и потреби, туку за правата и потребите на сите нас што во моментов „животариме”, наведува претседателот на НУК, Здравко Јосифовски.

Јосифовски оценува дека угостителите оставени сами на себе, не треба да стравуваат како да ги сочуваат своите бизниси зашто „новата локомотива има капацитет да ги изведе на патот од каде што ќе можат сами да продолжат самостојно да егзистираат за себе и своите вработени“.

Поврзани вести

Малпас: Пандемијата може да предизвика должничка криза

Влатко Зорба

306 работодавачи не ја исплатиле платата на 992 вработени, а земале финансиската поддршка од 16.305.020,00 денари

Влатко Зорба

Извозот на оваа земја лани надмина 2.499 илјади милијарди долари

Stefanija Kuzmanovska